Борусија Дортмунд потпиша со напаѓачот на Штутгарт
- Борусија Дортмунд го ангажираше напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, тврди Фабрицио Романо.

Дортмунд, 27 јуни 2024 (МИА) - Борусија Дортмунд го ангажираше напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, тврди Фабрицио Романо.
„Жолто-црните“ добиле зелено светло од играчот, а тимот работел на зделката неколку месеци, според трансфер гуруто.
Борусија Дортмунд ќе ја плати ослободителната клаузула на напаѓачот која е околу 17,5 милиони евра и тој ќе потпише со тимот во наредните денови.
Гираси минатата сезона имаше одлична кампања во Бундеслигата, постигнувајќи 28 гола во домашното првенство. дс
Фото: Принтскрин