• сабота, 23 ноември 2024

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио со гладот 

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио со гладот 

Брисел, 6 мај 2024 (МИА) - Според шефицата на Светската програма за храна (ВФП), Синди Мекејн, во Газа се оствари сценариото од кое најмногу стравуваме - има целосен глад на северот и тој се шири кон југот, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

- Досега неисполнетите барања на меѓународната заедница мора да се исполнат: Резолуцијата 2728 мора да се спроведе целосно и веднаш. Итно е потребен прекин на огнот, за да се ослободат заложниците и да им се олесни состојбата на оние кои гладуваат, наведе Борел на Икс. 

Тој нагласи дека недвосмислено го осудува лансирањето ракети од страна на Хамас и Исламски џихад кон израелската област Керем Шалом.

- Израел се уште има целосна обврска да одобри целосен, безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош на оние на кои им е потребна. Заедно со комесарот (за управување со кризи) Јанез Ленарчич ја поздравуваме незаменливата работа спроведена од страна на УНРВА и сите агенции на ОН, додаде Борел во објавата. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан