• сабота, 23 ноември 2024

Борел: Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

Борел: Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

Охрид, 18 март 2023 (МИА) - По 12 часа постигнавме договор како да се имплементира договорот постигнат на 27 февруари помеѓу Србија и Косово. Можам да соопштам дека Косово и Србија се согласија за анексот за имплементација на Договорот, што треба да води кон нормализација на односите помеѓу нив, соопшти вечерва високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, по завршувањето на трилатералната средба во Охрид.

Како што појасни тој, имплементацијата на договорот значи практични чекори што треба да се направи, кога, кој и како. 

Ова, како што рече Борел, доаѓа по долги и тешки преговори.

- Денеска имавме средби во неколку формати со цел да ги надминеме разликите помеѓу страните, рече Борел.

Во Охрид попладнево почна трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за

Борел, како што беше најавено, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти разговараа за имплементацијата на анексот - составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите.

Во Охрид високиот претставник на ЕУ, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак претпладнето имаше најнапред одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Разговорите во Охрид меѓу високите претставници на ЕУ и на Србија и на Косово траеја речиси 12 часа.

Исходот од средбата во вилата „Билјана“ во Охрид го чекаа повеќе од 200 новинари од земјава, од Косово, од Србија и други странски известувачи. аб/ев/

Остани поврзан