• петок, 05 декември 2025

Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974

Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974

 

Болоња, 25 април 2025 (МИА) – Фудбалерите на Болоња го потврдија своето место во финалето во Купот на Италија, откако синоќа триумфираа со 2-1 (1-1) и на реваншот против Емполи, кој во првиот полуфинален дуел го совладаа со 3-0.

Фабијано во 7 минута ја донесе Болоња во водство. Коваленко го израмни резултатот на 1-1 во 33 минута, пред Далинга да ѝ ја донесе победата на Болоња во 86 минута.

Болоња ќе игра во финалето на 14 мај во Рим против Милан, кој во средата го елиминираше градскиот ривал Интер.

Во претстојното финале, играчите на Болоња ќе имаат можност да ја обезбедат третата титула во Купот за клубот, а прва од 1974 година. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан