• вторник, 24 декември 2024

Богнер: И украинските и руските сили извршиле произволни погубувања на воени заробеници

Богнер: И украинските и руските сили извршиле произволни погубувања на воени заробеници

Киев, 24 март 2023 (МИА) - ОН денеска соопштија дека и украинските и руските сили по кратка постапка егзекутирале неколку десетици воени заробеници за време на руската инвазија на Украина.

-Длабоко сме загрижени поради погубувањето на 25 руски воени заробеници и лица надвор од конфликтот, како и 15 украински воени затвореници, изјави шефицата на мисијата на ОН за следење на почитувањето на човековите права во Украина, Матилда Богнер.

Според неа, ОН имаат податоци за украинските егзекуции на Руси, често пати веднаш откако биле заробени на бојното поле.

-ОН се запознаени со пет истраги на Киев за 22 жртви, но не знаат дали сторителите на тие злосторства биле кривично гонети, додаде Богнер.

Од друга страна, познато е дека 15 украински воени заробеници биле егзекутирани „набрзо по нивното заробување“, а 11 егзекуции биле извршени од руската паравоена група „Вагнер“,  додека останатите од руските сили.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари 2022 година, Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за малтретирање на затворениците, што претставува воено злосторство.

Во извештајот на Набљудувачката мисија на ОН за човекови права се тврди дека припадниците на украинските вооружени сили подложувале руски воени затвореници на смртни закани, симулирани егзекуции или закани за сексуално насилство.

Во неколку случаи, тепањата биле „чисто одмазднички“, се додава во извештајот.

Во извештајот на ОН, исто така, се осудуваат злоупотребите што ги претрпеле украинските заробеници од руските сили, вклучително и тортура, одбивање медицински третман што понекогаш резултирало со смрт, сексуално насилство и негирање пристап до вода и храна. сд/

Остани поврзан