Боатенг потпиша договор со клубот на Берлускони
- Играчот за врска на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг ќе се пресели во Монца.

Монца, 24 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг ќе се пресели во Монца.
Според „Ла Газета дело Спорт“, 33-годишниот Гана ќе склучи едногодишен договор со клубот во сопственост на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони. Објавено е дека фудбалерот ќе се приклучи на тимот во петок. Износот на зделката не беше објавен.
Втората половина на сезоната 2019/20, Боатенг ја помина во Бешикташ, постигнувајќи три гола и една асистенција.
Порталот Transfermarkt.com ги проценува трошоците на играчот од средниот ред на 3 милиони евра. зс/