Боатенг на лето може да го напушти Баерн
- Баерн може да се раздели со дефанзивецот Џером Боатенг претстојното лето.

Минхен, 6 април 2021 (МИА) - Баерн може да се раздели со дефанзивецот Џером Боатенг претстојното лето.
Според „Кикер“ управата на германскиот клуб не сака да го продолжи договорот со 32-годишниот фудбалер.
На крајот на сезоната 2020/21, Боатенг ќе стане слободен агент.
Фудбалерот е во Баерн Минхен од 2011 година. За тоа време, тој одигра 354 натпревари, постигна 10 гола и направи 25 асистенции. Боатенг има 24 освоени трофеи. зс/