• вторник, 24 декември 2024

Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина за експлозијата на полската територија

Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина за експлозијата на полската територија
Вашингтон, 16 ноември 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина во врска со експлозијата на полската територија. Тој и полскиот министер за надворешни работи Збигниев Рау ја нагласија важноста НАТО да „продолжи да биде во блиска соработка“, додека проценуваат што да се направи понатаму. Блинкен ја повтори поддршката на САД за полската истрага и изрази сочувство за двајцата убиени Полјаци. Во разговор со украинскиот министер за надворешни работи, тој исто така вети дека САД ќе „продолжи блиску да соработува со сојузниците и партнерите со цел на Украина да ѝ се пружи тоа што ѝ е потребно за одбрана“, се наведува во соопштението на Стејт департментот. бд/

Остани поврзан