Битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“, лишени од слобода
- МВР информира дека за време на синоќешниот ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Скопје, 8 јуни 2025 (МИА) - МВР информира дека за време на синоќешниот ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. мч/мд/
фото: МИА архива