• недела, 21 декември 2025

Бин Браикас назначен за премиер на меѓународно признатата јеменска влада

Бин Браикас назначен за премиер на меѓународно признатата јеменска влада

Аден, 4 мај 2025 (МИА) - Досегашниот министер за финансии во меѓународно признатата влада на Јемен, Салем Салех Бин Браикас, е назначен за нов премиер на таа држава, откако вчера Ахмед Авад бин Мубарак поднесе оставка од таа позиција.

Бин Мубарак изјави дека се соочил со „многу тешкотии“ за време на неговиот мандат, вклучително и невозможноста за реконструкција на владата.

Центарот на меѓународно признатата влада на Јемен е во градот Аден од државниот удар во 2014 година, кога милитантната група Хути го зазеде главниот град Сана. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан