• среда, 21 јануари 2026

Билатералните односи и подготовките за Советот за соработка на високо ниво во фокусот на политичкиот дијалог Грција – Турција

Билатералните односи и подготовките за Советот за соработка на високо ниво во фокусот на политичкиот дијалог Грција – Турција

Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Билатералните односи, случувањата по последната средба на политичкиот дијалог, регионалните и меѓународните прашања, како и подготовките за следниот Совет за соработка на високо ниво, биле во фокусот на средбата на заменик-министрите за надворешни работи на Грција и Турција Александра Пападопулу и Мехмет Кемал Бозај на денешниот состанок во рамките на политичкиот дијалог меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Во заедничка изјава по петата рунда од политичкиот дијалог што се одржа во Атина двете страни информираа дека средбата се одржа во позитивна атмосфера, при што „двете страни ја реафирмираа нивната заедничка посветеност за дополнително проширување на областите на билатерална и меѓународна соработка“.

- Заменик-министрите разговараа за различни аспекти на билатералните односи, ги разгледаа случувањата од последната средба на Политичкиот дијалог што се одржа во Анкара во јуни 2025 година и имаа опсежна размена на мислења за последните регионални и меѓународни прашања. Дополнително, двајцата соговорници ги разгледаа и подготовките во врска со шестиот Совет за соработка на високо ниво, што е планиран да се одржи во Турција во наредниот период, пишува во заедничката изјава, како што соопштија од грчкото МНР.

Политичкиот дијалог меѓу Грција и Турција беше воспоставен во 2023 година.

Утре, исто така во Атина заменик-министерот за надворешни работи на Грција Харис Теохарис и неговиот турски колега Мехмет Кемал Бозај ќе ја одржат деветтата рунда од разговорите меѓу двете земји за т.н. Позитивна агенда, односно економската соработка. ср/сд/

Фото: Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан