„Биди економист“ - дводневен настан на Економски факултет во Штип
- На Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска започнува дводневниот настан насловен „Биди економист“.
Скопје, 26 април 2022 (МИА) - На Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска започнува дводневниот настан насловен „Биди економист“.
Во двата дена е предвидено професори и експерти да зборуваат на актуелни општествени и економски теми, а поканети се студенти и средношколци од целата држава.
„Биди Економист“ е дводневен настан со серија предавања, работилници и други активности за афирмација и запознавање на професиите кои произлегуваат од Економскиот факултет во Штип и на некој начин претставува отворени денови на факултетот на кои преку интерактивен начин идните студенти ќе се запознаат со можностите, но и со дел од проблематиката на оваа институција.
Настанот ќе се одржува во просториите на Економскиот факултет во Штип. свс/сп/