• понеделник, 23 декември 2024

БиБиСи со став за исмејувањето на Роналдо

БиБиСи со став за исмејувањето на Роналдо

Лондон, 9 јули 2024 (МИА) - Британски Би-Би-Си објави објаснување за исмејувањето на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо за време на осминафиналето на УЕФА ЕУРО 2024 против Словенија, кога Јан Облак му го одбрани пеналот на напаѓачот.

На телевизорот блесна „Мистиано Пеналдо“, шега за ударот од место на Роналдо, кој го забележаа внимателни навивачи, кои го изразија своето незадоволство.

-Насловот беше само игра со зборови, што сме го правеле многу пати во анализата на графиките на програмата „Меч на денот“. Немавме намера да го навредиме Кристијано Роналдо, објави Би-Би-Си.

Остани поврзан