• среда, 17 декември 2025

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

Њујорк, 2 јуни 2025 (МИА) – Поранешната шефица на германската дипломатија Аналена Бербок избрана е за претседателка на Генералното собрание не Обединети нации, јави Германската новинска агенција (ДПА).

Бербок беше единствен кандидат за оваа позиција, поради што гласањето беше само формалност. 

Претседателот на ГС на ОН претежно има претставничка улога и мандат од една година.

Бербок официјално че стапи на  функцијата на 9 септември, непосредно пред почетокот на општата дебата на 80. сесија на Генералното собрание. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан