• вторник, 24 декември 2024

Белгиски синдикати: Не сакаме да се занимаваме со испорака на оружје за Израел

Белгиски синдикати: Не сакаме да се занимаваме со испорака на оружје за Израел

Брисел, 1 ноември 2023 (МИА) - Синдикатите на белгиските транспортни работници ги повикаа своите членови да одбијат да се занимаваат со воената опрема што се испраќа во Израел за борба против Хамас. Синдикатите ACV Puls, BTB, BBTK и ACV-Transcom заеднички тврдат дека вработените на аеродромот виделе пратки оружје.

„Додека трае геноцидот во Палестина, работниците на различни аеродроми во Белгија гледаат пратки со оружје во правец на воената зона“, се наведува во соопштението.

Портпаролот на белгиската влада одби да коментира дали оружје се транспортира на Блискиот Исток преку Белгија. Синдикатите тврдат дека товарењето или истоварувањето на ова оружје би значело дека тие придонесуваат за снабдување на организации кои убиваат невини деца.

„Ние, неколку синдикати за копнена логистика, ги повикуваме нашите членови да не соработуваат со никакви летови кои носат воена опрема за Палестина/Израел, исто како што беа јасни договорите и правилата на почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина“, велат синдикатите.

Тие повикаа и на итен прекин на огнот и побараа од белгиската влада да не толерира испорака на оружје преку белгиските аеродроми.

„Како синдикати стоиме со оние кои се залагаат за мир“, велат тие. ссм/

фото: ЕПА/илустрација

Остани поврзан