• вторник, 14 април 2026

Белгискиот министер за надворешни работи почнува турнеја низ државите од Западен Балкан

Белгискиот министер за надворешни работи почнува турнеја низ државите од Западен Балкан

Брисел, 13 април 2026 -    Министерот за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, денес каја  почнува турнејата низ Западен Балкан, каде што ќе ги посети Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со цел да ги поддржи нивните напори за членство во Европската Унија.

Прево, според белгиски медиуми изјави дека „Западен Балкан не е на прагот на Европа“, туку дека е „во Европа“.

„Нивната безбедност е наша безбедност, а нивната стабилност е наша стабилност. Некои од овие земји чекаат повеќе од дваесет години. Затоа, важно е да се одржи кредибилна перспектива за интеграција, но исто така очекуваме да имаат храброст да ги спроведат потребните реформи“, додаде тој.

Прево ја започнува својата турнеја во Црна Гора, потоа во Србија, па Косово и Северна Макеоднија.

Прево ќе ја посети Сребреница во БиХ. зш/

Остани поврзан