• вторник, 14 април 2026

Американската војска предупредува дека ќе воведе блокада во Оманскиот Залив и Арапското Море

Американската војска предупредува дека ќе воведе блокада во Оманскиот Залив и Арапското Море

Вашингтон, 13 април 2026 (МИА) -    Американската војска ќе воведе блокада во Оманскиот Залив и Арапското Море источно од Ормуската Теснина, и ќе се однесува на целиот бродски сообраќај, без оглед на знамето, соопшти Централната команда на САД.

Во документот се наведува дека блокадата ќе стапи на сила денеска.

„Секој брод што влегува или излегува од блокираната област без дозвола е предмет на пресретнување, пренасочување и запленување“, се вели во меморандумот. Во него се наведува дека „блокацијата нема да го попречи неутралниот транзитен премин низ Ормуската Теснина до или од дестинации надвор од Иран“.

Блокадата „ја опфаќа целата иранска крајбрежна линија, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, пристаништа и нафтени терминали“, се вели во документот, додавајќи дека хуманитарните пратки, вклучувајќи „храна, медицински материјали и други основни стоки“, ќе бидат дозволени по инспекцијата.

Техеран се закани со одмазда против пристаништата на своите соседи од Заливот откако разговорите за време на викендот со Вашингтон во Исламабад не доведоа до договор за прекин на војната, со што се доведе во прашање прекинот на огнот. зш/

Остани поврзан