• четврток, 26 декември 2024

Белгиската министерка за надворешни на интензивна нега поради Ковид-19

Белгиската министерка за надворешни на интензивна нега поради Ковид-19
Брисел, 22 октомври 2020 (МИА) - Министерката за надворешни работи и поранешна премиерка на Белгија, Софи Вилмес, е хоспитализирана на интензивна нега откако беше заразена со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Четириесет и пет годишната Вилмес пред една недела на социјалните мрежи извести дека е позитивна на вирусот, во меѓувреме состојбата и се влошила и е префрлена на интензивна нега, соопштија од нејзиниот кабинет. Од болницата смируваат дека нејзината состојба е стабилизирана, но дека има потреба од постојана нега. Во Белгија во изминатите 24 часа забележани се рекордни 13.227 новозаболени лица и 50 смртни случаи. тм/ми/

Остани поврзан