• сабота, 23 ноември 2024

Бела куќа: Хакерските напади на Касеја се лекција за посилна кибер заштита

Бела куќа: Хакерските напади на Касеја се лекција за посилна кибер заштита
Вашингтон, 6 јули 2021 (МИА) - Нападот со помош на штетна програма изнудувач, на системите на американската информациско-технолошка компанија Касеја, покажа дека компаниите и владините институции треба да ги подобрат своите системи за кибербезбедност, изјавија денеска во Белата куќа. Портпаролката Џен Псаки истакна дека идната недела претставници на американските власти ќе се сретнат со руски официјални лица за да се дискутира околу прашањата за кибер безбедноста. Раководителот на Касеја денеска изјави дека како резултат на нападот можеле да настрадаат од 800 до 1.500 компании низ целиот свет. Руската хакерска група REvil ја презеде одговорноста за упадот и побара 70 милиони долари за обнова на податоците на сите настрадана компании. Пораката се појави на таканaречeниот „темен“ сегмент од интернетот. Претходно денеска од Советот за национална безбедност на САД изјавија дека нападот не претставувал закана за критичната инфраструктура и немало никакво влијание врз неа. Во изјавата на советот се истакнува дека настраданите компании главно произведувале во малиот бизнис. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан