• сабота, 23 ноември 2024

Белата куќа се очекува да испрати повеќе ATACMS системи во Украина

Белата куќа се очекува да испрати повеќе ATACMS системи во Украина

14 март 2024 

Политико

САД планираат да испратат дополнителен број армиски тактички ракетни системи во Украина, како дел од новиот пакет воена помош од 300 милиони долари, наведуваат двајца американски функционери запознати до темата.

Според еден од официјалните лица, САД ќе испратат во Киев дополнителни противпешадиски/противматеријални или АПАМ проектили, што се постара верзија на ATACMS системот со долг дострел. Ракетите имаат домет од 100 милји и носат боеви глави со стотици касетни бомби. На официјалните лица им беше дозволена можноста анонимно да зборуваат.

САД прво открија дека во септември тајно испратиле првична пратка од APAM, откако претседателот Џо Бајден го одобри планот да му се обезбеди на Киев оружје со поголем дострел. Администрацијата со недели дебатира за испраќање дополнителни ATACMS, додека Украина се бори да ја спречи Русија да постигне предност на бојното поле, наведува претставник на Министерството за одбрана.

Белата куќа во вторникот објави дека ќе испрати „итен“ пакет помош за Украина, вклучително и артилериски гранати и дополнителни гранати за хаубици од 155 милиметри и Повеќекратен ланисирен систем со наведувани ракети.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан соопшти дека Пентагон може да ги искористи заштедите на трошоците од претходните договори за да направи „скромна сума“ за нова безбедносна помош достапна токму сега, без да влијае на подготвеноста на американската војска.

Ако историјата е некаков водич, ATACMS може да не се појави на јавната листа на оружја вклучени во најновиот пакет. Официјалните лица не открија дека ја обезбедиле ракетата во првата пратка минатото лето, поради загриженоста за оперативната безбедност.

Запрашан во вторникот дали проектилот се наоѓа во најновиот пакет, Саливан кажа дека нема најави на оваа тема.

Веста доаѓа во момент кога Конгресот е во застој со усвојувањето на дополнителното барање на Бајден што вклучува дополнителни финансии за војната во Украина, како и помош за Израел и Тајван. Пентагон од декември не може да испрати дополнително оружје во Киев, кога остана без пари за да ги надополни своите резерви. На војниците на фронтот им снемува муниција и средства за противвоздушна одбрана додека пратениците се расправаат околу законодавството.

Бајден во вторникот се сретна со двајцата водечки полски лидери, жестоки политички ривали, за да им соопшти дека разликите треба да се остават настрана за одбраната на Украина.

Додека Украинците ќе го поздрават доаѓањето на новото оружје, најновиот пакет е само привремено решение. Официјални лица на Пентагон велат дека сè уште имаат потреба од целосно покривање на трошоците за надополнување на оружјето, во вредност од повеќе од 10 милијарди долари, што беше испратено во Киев од сопствените резерви на американската војска.

„Ова не е алтернативен пат за дополнување“, кажа друг официјален претставник за планот да се користат заштедите на армијата за Украина.

Остани поврзан