Белата куќа изрази сочувство по повод трагичната авионска несреќа во Јужна Кореја
- Длабоко жалиме поради загубата на животи во Муан, Република Кореја како резултат на несреќата на јужнокорејската авиокомпанија Чеџу Ер, изјави во соопштение синоќа претседателот на САД, Џо Бајден.
Вашингтон, 30 декемеври 2024 (МИА) - Длабоко жалиме поради загубата на животи во Муан, Република Кореја како резултат на несреќата на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу Ер“, изјави во соопштение синоќа претседателот на САД, Џо Бајден.
-Како блиски сојузници, американскиот народ споделува длабоки врски на пријателство со народот на Јужна Кореја и нашите мисли и молитви се со оние погодени од оваа трагедија, изјави Бајден.
Во Јужна Кореја вчера се случи една од најлошите авионски несреќи во историјата на оваа земја кога патничкиот авион на авиопревозникот „Чеџу Ер“ слета на аеродром во југозападниот дел на земјата и се запали по приземјувањето, при што загинаа 178 патници и членови на екипажот, само двајца од членовите на екипажот ја преживеале несреќата. Авионот полетал Банког, Тајланд.
Бајден рече дека САД се спремни да им обезбедат на властите во Јужна Кореја секаква потребна помош за да се расветлат причините за оваа авионска несреќа.
Американската Администрација за безбедност во транспортот изјави синоќа дека ќе испрати специјалисти за да работат на истрагата околу трагичното слетување на авионот. кб/