• среда, 16 октомври 2024

Без струја утре делови од Илинден, Сопиште и Чаир

Без струја утре делови од Илинден, Сопиште и Чаир

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Поради планирани прекини во електроснабдувањето, утре без електрична енергија ќе бидат корисници од општините Илинден, Сопиште, Чаир, информираат утрово од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат „Пјурели плант“, „фотоволтаци Нордик“, „Еуровиа“, „Енерџи груп“ во индустриска зона Чојлиа, општина Илинден.

Од 8:30 до 11:30 часот,  дел од корисниците од улиците „Крсте Асенов“, „Добри Даскалов“, дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир. Додека, од 11:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улиците „Ресенска“, „Втора македонска бригада“, „Кемал Сејфула“.

Од девет до 15 часот пак, дел од корисниците од село Сопиште - улицата „134“ кај гробиштата. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан