Без струја делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од ул. „Јани Лукровски“
- Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопштија дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Таарчев“ крак – 24, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селото Бродец.
Исто така, поради промена на затворач од водоводна мрежа на улицата „Јани Лукровски“ број 10, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица.бт/лв/
Фото: МИА Архива