• петок, 05 декември 2025

Без вода утре неколку улици во Скопје

Без вода утре неколку улици во Скопје

Скопје, 6 август 2025 (МИА) - Поради дефект, во текот на утрешниот ден без вода ќе останат улиците „Драгиша Мишовиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“ и дел од „Бледски договор“ - потегот од булевар „Илинден“ до „Карпошово востание“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до завршување со санација на дефектот. бд/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан