Без вода улицата „Браќа Реџепагиќ“ и дел од „Дижонска“
- Како причина е наведено уличен дефект на улицата „Браќа Реџепагиќ“.
Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Без вода во моментов се корисниците од улицата „Браќа Реџепагиќ“ и дел од „Дижонска“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како причина е наведено уличен дефект на улицата „Браќа Реџепагиќ“. бд/са/
Фото: МИА архива