Без вода корисниците од ул. „Генерал Михајло Апостолски“ и село Добри Дол
- Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Генерал Михајло Апостолски“ 17, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Генерал Михајло Апостолски“ 17, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето, како што соопшти РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со активностите.
Прекин во водоснабдувањето поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа денеска ќе има и во село Добри Дол. Прекинот ќе биде од 10:30 часот до завршување со поврзувањето на водоводна мрежа. дма/