Без вода дел од улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт
- Како што информираа од претпријатието, причината е уличен дефект на водоводна цевка.
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Без вода за пиење во моментов се дел од улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што информираа од претпријатието, причината е уличен дефект на водоводна цевка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива