• среда, 18 февруари 2026

Без вода дел од улицата „Виничка“

Без вода дел од улицата „Виничка“

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Без вода за пиење во моментов се дел од корисниците на улицата Виничка, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што појаснија од претпријатието, станува збор за уличен дефект на водоводна цевка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан