Без вода дел од Студеничани поради уличен дефект
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Без вода утрово од 09:15 часот е дел од Студеничани поради уличен дефект, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
- Поради уличен дефект на улицата 3 /90, прекинато водоснабдување имаат дел од корисниците во Студеничани, се појаснува во соопштението.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива