Без вода дел од населба Радишани
- Водоснабдувањето е прекинато од 9:15 часот.

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Бел Камен“ во населба Радишани, утрово прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснуваат, водоснабдувањето е прекинато од 9:15 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот. бд/са/
Фото: МИА архива