Без вода дел од Маџир Маало
- Како што се наведува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, сѐ до завршување со санација на дефектот.

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Маџир Маало, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што се наведува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, сѐ до завршување со санација на дефектот. бд/аа/
Фото: Архива