Без вода дел од булеварот АСНОМ
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Поради уличен дефект на булеварот АСНОМ, кај бензинската „Окта“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овој булевар, поточно од зградата број 118 до зградата број 192, информираа од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/мд/
Фото: МИА архива