• четврток, 06 март 2025

Без вода делови од Шуто Оризари

Без вода делови од Шуто Оризари

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица „Злетовска“ бр. 18 во Шуто Оризари, без вода ќе останат корисниците од улиците „Злетовска“, „Слан Дол“, „Демирхисарска“ и „Јован Хаџи Шишков“ во таа општина.

Како што информира ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот и ќе трае до завршување на работните активности. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан