Без вода дел од жителите на Радишани
- ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска, од 12:45 часот, без вода ќе бидат жителите на улица „30“, (Љуботенски Пат) во Радишани.

Скопје, 24 август 2022 (МИА) - ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска, од 12:45 часот, без вода ќе бидат жителите на улица „30“, (Љуботенски Пат) во Радишани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на приклучна цевка на ул.30/32б Радишани.
Жителите на улица „30“ без вода ќе бидат од 12:45 часот до завршување со санација на дефектот.ир/са/