• недела, 06 октомври 2024

Бајден на европска турнеја, ќе учествува на самитот на НАТО во Вилнус

Бајден на европска турнеја, ќе учествува на самитот на НАТО во Вилнус

Вашингтон, 2 јули 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден од 9 до 13 јули ќе биде на турнеја низ Европа и ќе учествува на Самитот на НАТО во Вилнус.

Бајден, како што соопшти прес-секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер, прво ќе оди во Лондон каде што ќе има средби со британскиот крал Чарлс Трети и со премиерот Риши Сунак, со цел да ги „зајакне блиските врски меѓу Обединетото Кралство и САД“.

Потоа, ќе учествува на самитот на НАТО во литванската престолнина Вилнус на 11 и 12 јули, а европската турнеја ќе ја заврши со посета на Финска, каде што на 13 јули во главниот град Хелсинки ќе се сретне со лидерите на нордиските земји. Ќе се разговара за членството на Финска во НАТО и за примот на Шведска, што го блокираат Турција и Унгарија.са/

Фото: ЕПА

 

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан