• понеделник, 23 декември 2024

Бајден и Харис заминуваат на турнеја за промоција на плановите за економска преродба на САД

Бајден и Харис заминуваат на турнеја за промоција на плановите за економска преродба на САД
Вашингтон, 29 април 2021 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, го одбележуваат 100-от ден од стапувањето на функција со турнеја низ земјата за промоција на нивните амбициозни проекти. План за американски вработувања и План за американски семејства се идеи за економска преродба на САД и беа најавени синоќа на обраќањето на претседателот пред двата дома на Конгресот. Првиот е во висина 2.3 трилиони долари и предвидува обемна изградба на инфраструктурата со обнова и изградба на патишта, мостови, транспортни системи, пристаништа и аеродроми. Но и обнова на електро-дистрибутивната мрежа, водоснабдувањето, како и инвестиции во таканаречената „социјална“ инфраструктура, како засилување на широкопојасниот интерент, поправка и изградба на станбени домови, комерцијални и федерали згради, инвестиции во развој на електричните автомобили и станици за нивно полнење, проширена домашна нега за возрасните и др. Вториот план е во висина од 1.8 трилиони долари и превидува проширена програма за предучилишна грижа, платено отсуство од работа и боледување, две години бесплатен колеџ, субвенционирана детска грижа за квалификувани семејства, редовни месечни примања од најмалку 300 долари за родители за едно дете, како и зголемена достапност за бесплатни и по намалени цени училишни оброци. Бајден синоќа на говорот рече дека американската Влада може да помогне, и тоа ќе го стори со огромно срце. Тој и првата дама денеска патуваат за Џорџија каде ќе се сретнат со поранешниот претседател Џими Картер и поранешнаа прва дама Розалин Картер, потоа ќе одржат митинг во близина на Атланта, кад избирачите ќе го следат неговиот настап од своите коли. Бајденови утре заминуваат за Филаделфија каде ќе го одбележуваат настанот 50 годишнина од основањето на железничкиот превозник „Амтрак“. Во понеделник, тие заминуваат во историското пристаниште Јорктаун, Вирџинија. Во меѓувреме, Харис денеска е во Балтимир, а утре во Синсинати, каде ќе посети важна патна точка, мостот Брент Спенс, што поврзува два национални автопати над реката Охајо кон Кентаки. Вториот џентлмен, Даглас Емхов (сопругот на Харис), пак оди во Северна Каролина на митинзи заедно со министерот за транспорт, Пит Бутиџич. Останати членови од владата во следните недели ќе се појавуваат на разни места низ земјата, додека преговорите со Конгресот за усвојување на двата плана се интензивираат. Бајден се надева на силна поддршка од американската јавност за неговите идеи. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан