• сабота, 16 ноември 2024

Бајден ги повика властите на Сирија да го ослободат американскиот новинар Остин Тајс 

Бајден ги повика властите на Сирија да го ослободат американскиот новинар Остин Тајс 

Вашингтон, 10 август 2022 (МИА) Претседателот Џо Бајден даде изјава по повод годишнината од исчезнувањето на американскиот новинар и поранешен маринец, Остин Тејс, кој пред десет години беше киднапиран во Сирија. 

Како што истакна претседателот на САД „истражувачкиот новинар Тајс ја стави вистната над себе и замина за Сирија, за да му ја покаже на светот вистинската цена на војната. Ние знаеме дека тој е во заточеништво на сирискиот режим“. 

Шефот на Белата куќа напомена за повеќекратните повици до властите во Сирија да го ослободат американскиот новинар и укажа дека САД „знаат со сигурност“ дека сириската влада го држи Тајс во заточеништво. 

-На десет годишнината од киднапирањето ја повикувам Сирија да стави крај на ова и да помогне да го вратиме Тајс дома. Мојата Администрација нема поприоритетна задача од тоа да ги врати Американците кои се држат во заложништво или се неправедно задржани во странство. Ние треба да ги споменуваме по име, да ги држиме во нашите срца и мислата и да направиме нивното враќање дома да биде приоритет, изјави Бајден. 

Претседателот изрази поддршка и даде надеж за семејството на Тајс. 

-Десет години, тоа е премногу, премногу долго. кб/

Остани поврзан