• вторник, 24 декември 2024

Бајден во посета на семејството на Џејкоб Блејк во Кеноша 

Бајден во посета на семејството на Џејкоб Блејк во Кеноша 

Вашингтон, 3 септември 2020 (МИА) - Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден денеска беше во посета на Кеноша, Висконсин, на средба со семејството на застреланиот од полицијата Афроамериканец Џејкоб Блејк, постапка што предизвика бран од протести во повеќе градови на САД. 

Блејк остана парализиран по пукањето врз него од страна на полицаец. Во Кеноша се протестира секојдневно од 23 август, денот кога се случи инцидентот. 

Висконсин се смета за една од поважнитите држави во претстојните претседателски избори.  

Претседателот Доналд Трамп претходно го посети градот со фокус на безбедноста, сигнализирајќи поддршка за полицијата, но не се сретна со семејството на Блејк. 

Засега ниту Бајден, ниту Блејк не коментираа за средбата, јави Би-би-си. 

Бајден само побара единство по посетата на Кеноша, со зборовите „ние треба да заздравиме“. 

Претходно, тој повика полицаецот кој пукаше во Блејк да биде кривично гонет.

Во САД повеќе од три месеци се оддржуваат протести и собири, понекогаш и насилни, организирани од групи за човекови права, најпроминентната „Црните животи се важни“, кои демонстрираат против зачестените убиства на Афроамериканци од полицијата за време на апсење, полициското насилство и расизмот. кб/ сд/

Остани поврзан