• среда, 27 ноември 2024

Бајден: Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот

Бајден: Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот
Вашингтон, 19 септември 2022 (МИА) - Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот, изјави претседателот на САД, Џо Бајден. Во интервју за Си-би-ес, на прашањето „дали Американците би го бранеле Тајван во случај на кинеска инвазија“, тој одговори со „да, доколку би дошло до напад без преседан“. Бајден нагласи и дека „не го охрабрува“ островот да прогласи формална независност. - Тоа е нивна одлука, додаде американскиот претседател. Како што пишуваат некои медиуми, Бајден ја даде изјавата во време кога има значително приближување на САД и Тајван. Но и во период кога односите меѓу Пекинг и Вашингтон се на најниско ниво во изминатите неколку децении, пренесува Бета. бд/јт/

Остани поврзан