• сабота, 23 ноември 2024

Баша: Времето на Бериша заврши, никој не може да ја користи ПД за лични интереси

Баша: Времето на Бериша заврши, никој не може да ја користи ПД за лични интереси
Тирана, 8 ноември 2021 (МИА) - Се заострува реториката меѓу актуелниот лидер на опозициската демократска партија Љуљзим Баша и историскиот лидер Сали Бериша, која преминува во тешки меѓусебни обвинувања, јави дописничката на МИА од Тирана. Нетрпението почна откако Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, по барање на американската амбасадорка Јури Ким, поради прогласувањето персона нон грата од страна на САД на целото семејство Бериша. Тоа резултираше со незадоволство кај Бериша кој почна средби низ целата територија на земјата со членови и симпатизери, а кулминираше деновиве откако за 11. месецов најави одржување Национално собрание на партијата и враќање на лидерската функција. Соочен со постојани и засилени напади во последните денови од страна на Бериша, Баша за првпат жестоко му возврати. - Времето на Сали Бериша заврши. Со него заврши времето на истечени мандати и користењето на ПД и нејзините форуми за лични интереси. Ништо и никој нема да ја претвори ПД во бункер за лични интереси на Сали Бериша, рече Баша. Тој го вклучи и Еди Рама во проблематичната спирала каде влезе ДП. - Најголемиот проблем на Албанците денес е режимот на Еди Рама. Сали Бериша со недели со своите испади се претвори во кислородна цевка за режимот на Еди Рама. Решен сум да го спречам ова и да ја пресечам оваа кислородна цевка за режимот на Еди Рама, порача Баша. Тој посочи дека Демократската партија се формирала како стремеж на албанскиот народ за слобода и демократија и дека е „надеж на Албанците да ги решат нивните многубројни проблеми“. вт/паг/

Остани поврзан