• вторник, 24 декември 2024

Баша бара ветинг за албанските политичари и предложи закон

Баша бара ветинг за албанските политичари и предложи закон

Тирана, 7 ноември 2023 (МИА) - Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, денеска преку социјалните мрежи изјави дека албанските политичари мора да бидат проверени на ист начин како и судиите и обвинителите.

Баша, кој е пратеник, посочува дека веќе нема алиби и секој пратеник мора да се изрази преку гласањето за законот за ветинг на политичарите што тој го доставил до Парламентот.

- Албанските политичари треба да бидат под иста контрола како и судиите, обвинителите, припадниците на гардата и полициските службеници. Веќе нема алиби, секој пратеник мора да се изјасни преку својот глас за законот за ветинг на политичарите, наведува тој.

Според него, преку овој закон ќе може на Албанците да им се каже кои се корумпираните и поврзани со криминалот политичари, кои не им служат на интересите на граѓаните.

- Мора да им покажеме на Албанците кои се корумпираните политичари, поврзани со криминалот и да им дадеме на Албанците чиста политика, нагласува Баша. 

Тој додава дека со Предлог-законот што го доставил во Собранието ќе се овозможи контрола на имотот не само на пратениците и политичарите, туку и на нивните блиски членови на фамилијата. вт/паг/

Фото: Фејсбук

 

 

Остани поврзан