Бахреин го прекинува воздушниот сообраќај откако Иран нападна американска база во Катар
- Бахреин го прекина воздушниот сообраќај откако Иран нападна американска база во соседен Катар како одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки.
Манама, 23 јуни 2025 (МИА) - Бахреин го прекина воздушниот сообраќај откако Иран нападна американска база во соседен Катар како одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки.
„Цивилното воздухопловство при Министерството за транспорт и телекомуникации објави привремено прекинување на воздушната навигација на небото на Кралството Бахреин како превентивна мерка поради регионални случувања“, се вели во соопштението што го пренесоа државните медиуми. зш/