• сабота, 21 декември 2024

Барселона одлучи: Де Јонг излегува на трансфер пазарот

Барселона одлучи: Де Јонг излегува на трансфер пазарот

Барселона, 28 ноември 2024 (МИА) - Раководството на Барселона донело одлука на лето да го продаде играчот за врска Френки де Јонг, тврди „Спорт“. Дваесет и седум годишниот фудбалер зема сериозна плата, а во исто време тренерот Ханзи Флик не е особено задоволен од неговиот настап.

Покрај тоа, холандскиот репрезентативец никогаш не одговори на понудата на Каталонците за нов договор.

Марк Касадо се наметна во составот на Флик оваа сезона, по што минутажата на Де Јонг беше доведена до минимум. Покрај тоа, Педри игра одлично, а Гави влегува во подобра форма. Марк Бернал, кој ја прекина соработката на почетокот на оваа кампања, се очекува да биде подготвен и за стартот на следната сезона.

Следното лето Де Јонг ќе влезе во последната година од договорот што сигурно ќе му ја намали и цената.

Барселона го привлече од Ајакс во 2019 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан