Барселона и Флик се согласија за продолжување на договорот до 2028 година
- Барселона и главниот тренер Ханс-Дитер Флик се согласија за продолжување на договорот, објави Diario Sport.
Барселона, 16 март 2026 (МИА) - Барселона и главниот тренер Ханс-Дитер Флик се согласија за продолжување на договорот, објави Diario Sport.
Новиот договор на 61-годишниот Германец ќе трае до 2028 година.
Се забележува дека преговорите предводени од спортскиот директор на клубот, Деко, започнале кон крајот на минатата година, но клучен услов за договорот на Флик бил реизборот на Жоан Лапорта за претседател на Барселона.
Лапорта победи на изборите вчера, добивајќи 68% од гласовите и доби трет мандат да го води каталонскиот гигант.
Продолжувањето на договорот на Флик ќе биде официјално објавено наскоро.
Флик е тренер на Барса од 2024 година. Тој ја освои Ла Лига, Купот на кралот и два шпански Суперкупа со „блауграната“. зс/
Фото: ЕПА