• петок, 08 ноември 2024

Барселона започна преговори со Манчестер Сити за Кансело

Барселона започна преговори со Манчестер Сити за Кансело

Барселона, 21 јули 2024 (МИА) - Барселона започна преговори со дефанзивецот на Манчестер Сити, Кансело, пренесе „Спорт“. Фудбалерот минатата сезона ја мина во каталонскиот клуб на позајмица.

На „Камп Ноу“ се задоволни од играта на фудбалерот и сакаат да ги откупат неговите права. Самиот Кансело е подготвен да се пресели во каталонскиот клуб. За трансфер на португалскиот интернационалец се залага и главниот тренер Ханси Флик.

Кансело има 42 настапи за каталонскиот тим во сите натпреварувања, постигнувајќи 4 гола и 5 асистенции. Договорот на играчот со Манчестер Сити е до летото 2027 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан