• петок, 08 ноември 2024

Барселона ги откажа појадокот и ручекот на резервниот тим за да ги намали трошоците

Барселона ги откажа појадокот и ручекот на резервниот тим за да ги намали трошоците

Барселона, 22 август 2023 (МИА) - Барселона ги откажа услугите на трета компанија која подготвуваше оброци за играчите на резервниот тим, објави „ Relevo“.

 

Претходно, фудбалерите на Барселона Атлетик можеа да останат на појадок или ручек во „Ла Масија“ по тренингот. Тоа беше по избор на играчите, но клубот обезбеди таква услуга. Сега тоа ќе биде невозможно да се направи, бидејќи поради тешката економска ситуација, каталонскиот клуб реши да се откаже од оваа практика.

 

Во Барселона сметаат дека тоа биле неоправдани трошоци, бидејќи сите играчи не ги користеле оброците.

 

Барселона повторно е во тешки финансиски проблеми. Тренерот Чави сака засилувања, но нема пари за нив

 

По две кола во новата сезона во Ла Лига, Барселона е на шестото место со четири бода. Во следното коло тимот ќе се сретне со Виљареал на 27 август. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан