• сабота, 23 ноември 2024

Барние: Трговскиот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија е олеснување

Барние: Трговскиот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија е олеснување
Брисел, 24 декември 2020 (МИА) - Европскиот преговарач за Брегзит, Мишел Барние денеска изјави дека постигнувањето на трговски договор со Велика Британија е олеснување, бидејќи е постигнат само една недела пред крајниот рок. - Часовникот повеќе не отчукува. Денешниот ден е олеснување, но е обвиткан во некаква тага, додека споредуваме тоа што беше претходно со она што претстои, посочи Барние. Тој додаде дека краткиот рок за преговори за договорот е „без преседан во однос на неговиот обем и сложеност“, и оти ЕУ покажала единство и солидарност, што е нејзина сила. - За мене беше голема чест да бидам дел од ова европско единство, истакна Барние. ми/

Остани поврзан