• недела, 28 јули 2024

Барди во тимот на колото во Ла Лига

Барди во тимот на колото во Ла Лига
Мадрид, 11 јануари 2022 (МИА) – Првата победа сезонава во шпанското првенство на Леванте изминатиот викенд над Мајорка (2:0), во која Енис Барди асистираше при водечкиот гол му донесе на македонскиот репрезентативец место во тимот на 20. коло во Ла Лига. Меѓу најдобрите единаесетмина се најдоа и клупските колеги на Барди, голманот Фернандез и дефанзивецот Везо. Тимот на 20 коло во шпанското првенство го сочинуваат Фернандез, Бељерин, Везо, Алварез, Акуња, Моренте, Мерино, Барди, Винисиус, Бензема и Гарсија. Леванте е последнопласиран на табелата со 11 бодови, седум помалку од зоната која носи опстанок во Ла Лига, а во следното коло на домашен терен го пречекува претпоследнопласираниот Кадиз. ег/мд/

Остани поврзан