• сабота, 23 ноември 2024

Балканскиот рис во Европската Унија

Балканскиот рис во Европската Унија

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Во Europe House во Скопје денеска ќе се одржи настан насловен „Балканскиот рис во Европската Унија“.

Целта на настанот, како што велат од Македонското еколошко друштво (МЕД) е да се подигне нивото на заштита на критично загрозениот балкански рис преку македонската интеграција во Европската Унија. 

На настанот најавено е обраќање на шефот на Делегацијата на Европската Унија  во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и на извршната директорка на Македонско еколошко друштво Робертина Брајаноска, а презентација за „Балканскиот рис во ЕУ“ ќе има Диме Меловски. дма/вг/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан