• петок, 08 ноември 2024

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“

Охрид, 16 јули 2023 (МИА) – Петтиот фестивалски ден на „Охридско лето“ резервиран за балетот „Госпоѓиците од Авињон” на македонската Национална опера и балет.

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска.

Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

Балетот ќе се игра на сцената „Долни Сарај“ со почеток од 21 часот. аб/нд/

фото/„Охридско лето“

 

Остани поврзан